Eво вам Боки, носите га кучи!

Обично мене ми се забележува дека пишувам колумни и давам анализи „округло па на чоше“, ама се има своја граница. Јас не сум крив што за да ми влезеш „меѓу редови у мисла“ ти треба малку интелигенција, затоа што за да си у филмот „карам те черко сети се снао“ треба да знаеш дека снаата сепак има некој лимит на кефало. Адаптирај се, укључи се у струја!

Е па,.. ваљда и јас имам право да ми пукне филм! Дааа…!

Која е смелоста на српските медиуми да знаат ексклузивно поише од еден цел судско-разузнавачко – информативен систем на една држава. Смелоста оди до безобразие. Гледаат дека кај нас медиумскиот свет е како швајцарско сирење пуно со дупки пополнети со „информации од добро информирани кругови‘‘, па си прават и свој амалгам од информација која директно чепка и атакува на углед на премиер на друга држава. Српските Курир и Информер со своите написи го вовлекуваат премиерот во комбинаторика која само што не рекла „он е крив за се!“… „сви су малтене умиљата јагњад“, а Зоран Заев особа на која Ал Капоне може да му чисти кондури. И така, не може да не се распрашаме кои се центрите на толкава моќ кои вовлекуваат се живо и диво за да власта во државата доживее „зарибао нам мотор, ШОФЕР је крив“!. Давајте ремонт (читај одма предвремени избори)! Па и ќор да си, ќе приметиш дека сево ова е една добро исценирана претстава во која гори се што стои на пут да се спаси „епохата на ВМРО“. Безмилосно!

Читам и не можам да верувам на сопствените очи!

Боки дури и од затвор рекетира цела држава велејќи дека ако му фали влакно од глава у затвор, мајка му има докази дека (и на пар места демек) Зоран Заев е директно вмешан и е главен виновник за аферата рекет. На тоа, Заев се прави „нисам одавде“ најверојатно од причина што или од нешто се плаши ама тоа не од некакви докази, или пак чека институционална разврска. Инаку, тоа е пример за кој најексплицитно се дава до знаење некому дека некој фактички „ја држи цела држава у скут“! До која мерка може да се злоупотребуваат јавните гласила за да се обвинува премиер без доказ, од страна на некој кој е во притвор, кој (зло)употребува медиуми за да на „Чаирска фора – ќе видиш ти“ најнародски речено д*пи у мозак цела јавност. И сето тоа со апсолутно неетичка, непрофесионална и очигледно деструктивна поддршка на дел од медиумите. Сето тоа некој – дебело го кешира! Кој!?

Зарем Боки 13 ја држи така власта у скут!?! Земи убиј се боље!…

Коментарите и изнесените информации кои не познаваат поим „презумпција на невиност“, девалвираат голема бројка на медиуми, медиумски личности и поединци кои „само они знаат што е вистина“ и они да не се, ‘‘отиде Македонија упм‘‘! Ма дај не серите бре!

Кому се брза толку да се направи каша – попара и да се излезе на предвремени избори?

Па тоа и на птиците на гранка им е јасно! Пред добивањето на датумот за преговори, некој мора да направи таква „збунка‘‘ во стилот на „затреси шаж и збуни рибе‘‘, со што ќе се купи ем време за престројавање, ем ќе се влезе во филм во кој позицијата нема да може така лесно да му испорача на Запад некакви расчистувања и ‘‘метли‘‘. Од другата страна, опозицијата се уште (а можеби и држи муабетот) се уште е во позиција да смета на стандардните 300.000 гласови кого и да ставиш. Тоа, во ситуација кога Зоран Заев има сериозни внатрепартиски декамерон, и тоа како го прави филмот ‘‘до заднјег даха‘‘!  Тука у сите комбинации пак се ќе зависи од тоа што ќе му наредат Американците на Али Ахмети да преземе и коалицира. Затоа, ниту премиерот не е наивен, не дава избори. „Бију Турци, ал бију и Срби‘‘!

А на тие во Белград што бомбастично го ставаат премиерот на насловна страница заедно со некакви секс скандали, би им рекол на нивни јазик ‘‘ КУД СИ НАВРО‘ БРЕ‘‘, па држава смо каква  – таква  макар и  „бананаистична‘‘! Да ви нисте нешто бољи! Ал‘ ми вас не чачкамо!

‘‘Ено вам га Боки узмите га назад да вам ‘‘меша‘‘ пред камерама‘‘!

Премиерот има страшно сериозен проблем на две полиња кој е на ниво на скоро нерешивост. На времето, имаше една фраза ‘‘ немци и домаче издајице‘‘, кој се употребуваше како синоним за надворешен и внатрешен непријател. Зоран Заев покрај планината на опозициони противници кои пукаат од сите оружја,  има страшно сериозен проблем и со делот на „домаче издајице‘‘! Заев „се за*ба‘‘ во изборот на многу играчи кои му се ‘‘пред нос‘‘, а они му го кршат! Лично сметам и дека скапо го плати данокот на елиминација на ‘‘суетните скопски тешкаши‘‘ и ги тргна од листата на ‘‘живите‘‘ во СДСМ!

ОПОЗИЦИЈАТА има се уште многу пари, многу логистика, многу инфраструктура и уште толку ‘‘тебе-мене‘‘ пријатели кои го контролираат теренот на кој се игра.

Они имаат се уште таква моќ (финансиска, логистичка) да го платат лично Алфред Хичкок да изрежира уште 10 „Рекет‘‘ скандали до оригиналност во која премиерот ќе испадне Црни Петко, а Катица Јанева ќе испадне поголема грешница од Марија Магдалена.  Па што останало за медиуми, хајки, бомбастични наслови и спектакуларни бомби у кои малтене од времето на Александар Македонски, Македонија немала поголем антихрист, криминалец и предавник како Зоран Заев. Дека е тој безгрешен, тоа „обеси мачки о реп‘‘, ама дека се нафрлиле сите на него сметајќи дека ќе се спаси Македонија ако тој биде спален како Џордано Бруно на клада, тука има само една фраза која не е патентирана!

‘‘Ма дај бре носите се у п*зду материну‘… не будите деца!“.

Одговорноста ја носиме сите. Но, имаме само една задача, а тоа е да ја следиме трагата на вистината, да шириме реални и издржани информации затоа што државата нема поправен испит после Преспанскиот договор. Премиерот треба да има најостар КРИТИЧАР во медиумскиот свет, а не да има терет, непријател кочничар. Ама,.. и медиумскиот свет има душа. Треба да храни фамилија.

Некој на Запад одамна рекол ‘‘IT’S ALL ABOUT MONEY”!  

А ЈА БИ ДОДАЛ,…. МА ДАЈ БРЕ НЕ КЕЊАЈТЕ! У ГОВНА СМЕ ДО ГУША! СПАШАВАЈТЕ ДРЖАВА!

А што би им порачал на комшиските медиуми? Е, со задоволство ќе ви кажам:

МА ДАЈ БРЕ ГЛЕДАЈТЕ СВОЈА ПОСЛА,.. А БОКИ ‘‘ ЕВО НОСИТЕ ГА КУЧИ‘‘, Ј*БО ВАС ОН!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот