ЕВО МОРАЛЕС СО ПОРАКА ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Ме обвинувате мене за хаосот кој сами го направивте! (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Претседателот на Боливија во оставка, Ево Моралес, денеска ги критикуваше своите противници на социјалните мрежи, обвинувајќи ги дека него го прават виновен за хаосот и насилството кое сами го предизвикале.

Моралес на Твитер објави дека опозициските лидери Карлос Меса и Луис Фернандо Камачо поттикнале пуч против него, наведувајќи дека „лажат и се обидуваат да го обвинат за хаос и насилство кое самите тие го предизвикале“.

Тој вчера си поднесе оставка, откако војската го повика да го стори тоа и по повеќенеделни протести предизвикани од спорните резултати на изборите.

Поддржувачите на Моралес денеска во знак на протест запалиле барикади блокирајќи го патот кој води до аеродромот во Ла Паз.

„Ево, им требаш на луѓето“, пишувало на голем банер кој бил поставен близу тамошниот аеродром.
По извборите на 20 октомври, претседателот Ево Моралес прогласил победа, што значи дека тоа требаше да биде негов четврти мандат.

Тој е на власт веќе 14 години. Неговите противници тврдат дека била изввршена манипулација со резултатите од изборите.

Потоа, во оваа јужноамериканска земја почнаа нереди во кои животот го загубиле три лица, додека 200 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот