До 40 проценти годишна потрошувачка на струја може да се задоволи со поставување на фотоволтаични панел за домашно проиводство, со моќност од 4 киловати. Овa е одговорот што го доби „Слободен печат“ од компанијата ЕВН која по принцип „клуч на рака“ нуди инсталација на фотоволтаични централи.
Министерството за економија, пак, информираше дека за годинава има одвоено буџет од 8 милиони денари за субвенционирање на купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење. Субвенционирањето е до 30 отсто од цената, а најмногу до 62.000 денари по домаќинство.
– Субвенционирањето на фотоволтаични централи до 4 киловати не е случајно. Имено, 4 киловати инсталиран капацитет е сосема доволна моќност за задоволување на потребите на едно просечно домаќинство. Овој систем просечно произведува околу 5.400 киловатчасови енергија. Треба да се има предвид дека целата енергија не се користи во домот, туку дел од истата се враќа и во дистрибутивната мрежа. Искористената електрична енергија во домаќинството, а согласно потрошувачката на самото домаќинство, може да покрие и до 40 отсто од годишните потреби за електрична енергија – велат од ЕВН.
Инсталирање на фотоволтаични панели со моќност 4 киловати чини 4.000 евра, а со моќност од 3 киловати е 3.000 евра, според ценовникот на ЕВН. Инсталирањето се оценува како погодно за куќи, но не и за станбени објекти.
Домаќинствата може да произведуваат струја, но не може да ја продаваат