ЕВН Хоум започнува со работа

струја

Домаќинствата од денеска ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум, правен субјект кој произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија што и досега ги снабдуваше домаќинствата.

Како што објави во петокот Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ), цената на струјата нема да се менува до 1 јули следната година.

ЕВН хоум е избрана за универзален снабдувач на домаќинствата согласно со обврските од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија на почетокот на годинава. Компанијата е снабдувач со струја за домаќинствата и малите потрошувачи кои не избрале снабдувач на отворениот пазар.

Единствена новина е што домаќинствата ќе добиваат сметки на кои ќе пишува ЕВН хоум. Потрошувачите нема да потпишуваат никакви нови или дополнителни договори за снабдување и понатаму ќе добиваат една фактура во која ќе биде вкалкулирано се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот