ЕВН: Дел од граѓаните сè уште имаат дневна евтина струја

сметки струја ЕВН сметка
Сметки за струја. / Фото: Драган Митрески / Слободен печат.

Од 1 јануари, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, престана да важи дневната евтина тарифа за струја од 14 до 16 часот. Но, во практика, сè уште не се наштелувани сите броила, па некои граѓани сè уште имаат среќа да имаат евтина тарифа во текот на денот.

– Како и секогаш, процесот на приспособување на броилата ќе се заокружи за два-три месеци. Овој пат тој многу зависи од здравствената состојба на вработените кои го спроведуваат планот на приспособување на броилата низ цела држава. Приспособувањето се прави според претходно утврден временски план и за секое броило поединечно – одговорија од ЕВН на нашето прашање.

Оттаму информираа и дека 17 отсто од броилата се отчитуваат автоматски од далечина, а 83 отсто се отчитуваат на терен од вработени на Електродистрибуција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот