ЕВН: Броилата се отчитуваат, а корисниците добиваат порамнети сметки

Сите корисници кои доставиле состојби за корекција добиле корегирани сметки и во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН, велат од компанијата.

Коросниците за месец мај добија коригирани и порамнети сметки. Од 15 април екипите на ЕВН беа на терен и ги отчитуваа корисничките броила, па оние кои претходно добиле помала сметка сега имаат повисока и обратно, информираат од ЕВН.

Од ЕВН уверуваат дека сите корисници кои доставиле состојби за корекција добиле корегирани сметки и дека во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН.

Посочуваат и дека и досега ги следеле препораките на РКЕ и за неотчитување и за отчитување на броилата и корекција на сметките.

– ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и Здравствените власти за да се спречи ширењето на корона вирусот според кои во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа. Околу 200 000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо. Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. Исклучок од ова беа корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира, стои во соопштението до ЕВН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот