Евидентирани 40 397 лица во апликацијата за самопопишување на иселениците

Попис 2021 / фото: МИА

Преку апликацијата за самопопишување заклучно со 8.50 часот денеска се евидентирале вкупно 40 397 лица кои се во странство.

Евидентирањето на иселениците преку апликацијата почна на 1 март и ќе трае до 21 април.

Од Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера наведоа дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникција со македонските иселници. Проблемот со ненавременото добивање повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.

Самопопишувањето за едно лице, според ДЗС, трае само 10 минути, воопшто не е сложено и ги охрабрува и мотивира иселениците да одвојат кусо време за да се самопопишат.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, кој ќе започне на 1 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот