Евертон одби 100 милиони евра за својот најдобар фудбалер!

фото:твитер

Каталонците моментно се во потрага по напаѓач како замена за Суарез кој овој месец имаше операција на коленото и ќе паузира четири месеци.

Се ближи крајот на зимскиот преоден рок во Топ 5 европските фудбалски лиги, претходно објавивме дека скандинавците се можеби најголемиот хит на фудбалскиот пазар во јануари.

Последните информации велат дека Барселона испрати официјална понуда од 100 милиони евра за офанзивниот играч на Евертон, Ришарлисон, но премиерлигашот ја одбил понудата.

Бразилскиот интернационалец веќе долг период е желба на спортскиот директор на Барса, Ерик Абидал кој верува дека Ришарлисон го има истиот стил на игра како Луис Суарез.

Потсетување дека Ришарлисон во декември потпиша договор на пет години со Евертон.

Каталонците моментно се во потрага по напаѓач како замена за Суарез кој овој месец имаше операција на коленото и ќе паузира четири месеци.

Ришарлисон дојде на „Гудисон парк“ за 40 милиони фунти од Ватфорд во јули 2018 година и досега постигна 24 голови во 60 натпревари, а сезонава 10 погодоци во 27 мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот