Евертон и Њукасл им се вратија на поразите во Премиер лигата

Евертон го доживеа четвртиот пораз во последните пет натпревари/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Откако во претходното коло во Премиер лигата остварија победи и ја прекинаа серијата неуспеси, денеска Евертон и Њукасл им се вратија на поразите.

Кристал Палас со 3:1 го совлада Евертон, додека Лестер со убедливи 4:0 го прегази Њукасл.
Галагер со два гола и Томкинс со еден, се најзаслужни за убедливиот триумф над Евертон за кого почесниот гол го постигна Рондон.

Лестер пак со 4:0 го совлада Њукас. Тилеманс постигна два гола за „лисиците“, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Дака и Медисон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот