Евертон ги посакува услугите на Ристовски?

Фото: ФФМ

Колку е реална сега оваа опција за Ристовски кој моментно се опоравува од повреда и тренира индивидуално, а во изминатиот период со неговите агенти беше на состанок за евентуално продолжување на договорот со Спортинг Лисабон.

Идејата на Евертон кој е предводен од менаџерот Марко Силва е да го доведе на позајмица нашиот дефанзивец и потоа евентуално го откупи неговиот договор кој истекува на 30 јуни 2022 година.

Силва кој претходно беше стратег на лисабонските „лавови“, добро го познава Ристовски и самата португалска лига.

Десниот бек во кариерата настапувал уште за Риека, Специја, Парма, Латина, Бари, Фросиноне, Кротоне и Вардар.

Освен Ристовски, Евертон ја следи ситуацијата уште со Тете (Лион), Ариас (Атлетико), Хејринкс (Монако) и Сидибе како можни кандидати за позицијата десен бек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот