Евертон е сериозен, на „Гудисон“ доаѓа и светски шампион

twitter.com/simplyEFC

Џибрил Сидибе кој со француската репрезентација лани ја освои светската титула наскоро се очекува да го облече дресот на „карамелите“.

Според француските медиуми, играчот доаѓа на позајмица на „Гудисон Парк“ со опција неговиот договор да биде откупен на крајот од сезоната.

Тоа би било уште едно големо засилување за менаџерот Марко Силва откако во изминатиот период беше потпишан младиот напаѓач на Јувентус, Моизе Кин.

Претходно дојдоа уште Андре Гомеш од редовите на Барселона, потоа Фабиан Делф, Јонас Лосл и Жан-Филип Гбамин.

„Л`Екип“ пренесува дека наскоро треба да биде промовиран Сидибе кој досега ги бранеше боите на Монако. Позајмицата би вредела 2,5 милиони евра, а наредното лето премиерлигашот треба да го откупи за 14 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот