Еве зошто Шпанија стана земја со најмногу вакцинирано население во Европа

EPA EFE
Коронавирусот во Шпанија/ Фото: EPA-EFE/JESUS DIGES

Шпанија е земја со најмногу вакцинирано население во Европа, а како две најголеми причини се наведуваат големата доверба која ја имаат жителите во вакцините, како и силните семејни односи, кои ги поттикнуваат граѓаните да се вакцинираат, како би ги заштитиле нивните најблиски, пренесува Франс 24.

Повеќе од 61% од 47 милиони жители на Шпанија ги примиле двете дози на вакцина, што претставува најголема бројка меѓу членките на ЕУ. Франција е втора со 56%, а Германија е трета со 55,2 %. 

„Во Шпанија луѓето веруваат во вакцината, посебно во вакцинирањето на децата, традиционално повеќе него другите земји“ изјави Жосеп Лобера, професор по социологија на Универзитетот во Мадрид. 

Шпанија немаше потреба од донесување на строги мерки за вакцинирање, ниту кај професорите ниту кај други работници, бидејќи „практично сите доброволно се вакцинираат“ изјави министерката на образование Пилар Алегрија. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот