Еве зошто Меси не можеше правно да остане во Барселона

Лионел Меси изминатото лето си замина од Барселона по 20 години поминати на „Камп Ноу“/ фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лионел Меси денеска се прости од Барселона, а прашањето за милион долари е зошто не можеше да остане на „Камп Ноу“. Дури и фановите бараа наредната сезона да ја одигра бесплатно, а за две години да заработи двојно.

Но, шпанскиот закон има член кој вели дека секој нов договор мора да биде на минумум 50 проценти од претходниот договор за да се избегнат потенцијалните финансиски малверзации и перење на пари. Поради тоа, опцијата Меси наредната сезона да ја одигра од „љубов“ кон Барселона, а потоа за наплати двојно за две сезони, пропадна.

Исто така, Барселона му понуди на Меси минимален договор кој што можеше според шпанските закони и Аргентинецот го прифати, но овој пат Ла Лига не дозволи да се официјализира истиот.

Проблемот е во тоа што Барселона со новиот договор на Меси ќе дојдеше на 110 проценти трошоци од буџетот за плати, а лимитот во Ла Лига изнесува 70 проценти.
Барселона и без договорот на Меси се наоѓа во големи проблеми бидејќи моментно и на 95 проценти од буџетот за плати и ќе мора да се ослободи од уште неколку играчи.

Заклучокот на шпанските медиуми е тој дека Барселона не можеше легално да го регистрира Меси и виновникот за тоа е еден, поранешниот претседател на клубот Хосеп Марија Бартомеу кој ги преплати останатите фудбалери кои сега не сакаат да си заминат од „Камп Ноу“.

Фудбалери како Пјаниќ, Умтити, Роберто, Ленгле и Кутињо кои се наоѓаат на црната листа на новиот претседател Жоан Лапорта, имаат годишни плати од 8,10,12 и 18 милиони евра и немаат намера да си заминат и со тоа да се откажат од големите примања.

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот