Еве зошто Јунајтед го сака „Кралот Каи“! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Со најновите погодоци играчот на Баер израмни страшен бундеслигашки рекорд на Клаус Фишер, кој пред 21 роденден постигна 34 голови во највисокиот ранг на германскиот фудбал.

Фудбалерот на Баер Леверкузен минатиот понеделник реализираше два голови во победата на неговиот клуб кај Вердер во Бремен.

Ја импресионираше фудбалската јавност и денеска во рамките од 27 коло во Бундеслигата со нови два погодоци во гостинскиот триумф над Борусија Менхенгладбах (1:3).

И натаму Каи Хаверц останува една од желбите на Манчестер јунајтед, овој играч за врска блеска во најсилното германско првенство.

Со најновите погодоци Хаверц израмни страшен бундеслигашки рекорд на Клаус Фишер, кој пред 21 роденден постигна 34 голови во највисокиот ранг на германскиот фудбал. Фишер ја заврши кариерата со 268 бундеслигашки голови и е втор на листата на сите времиња. Но, тој во Германија играше полни 20 години, од 1968 до 1988 година, додека Хаверц се очекува наскоро да засили некој од странските великани.

До 21 роденден на Хаверц (11 јуни), Баер има да одигра уште три мечеви. Од почетокот на 2020 година е во неверојатна форма, во сите натпреварувања одигра 15 мечеви, постигна 11 голови и запиша седум асистенции.

Во топ 5 европските лиги, оваа сезона само тројца играчи помлади од 21 година реализирале 10 или повеќе голови, а сите тројца играат во Бундеслигата. Освен Хаверц, тука е и сензационалниот напаѓачки тандем од Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо. Англичанецот оваа сезона погоди 14 пати, а Халанд 10, но не треба да се заборави дека Норвежанецот дојде во Гермнаија во текот на зимскиот преоден рок годинава.

Баер (Л) на седум кола до крајот на сезоната и натаму ги одржува шансите за титулата, заостанува пет бода зад водечкиот Баерн кој има меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот