Еве зошто е добро да јадете млад кромид, има куп здравствени предности

Алтренативната медицина младиот кромид го смета за исклучително здрава намирница која делува на телото и одвнатре и од надвор.

Помага при настинки, го симнува високиот крвен притисок, ама има и позитивно делување против стрес и замор.

Во продолжение прочитајте кои здравствени проблеми младиот кромид ги решава за час.

Воспаление на грлото

Исечкајте го зелениот дел од младиот кромид, додадете малку изрендан ѓумбир и малку сол, и сè тоа заедно ставете го во платнена ќесичка или крпа, па загрејте ја. Врелата ќесичка замотајте ја во уште една крпа и ставете ја на воспаленото место.

Натечени нозе

Зелениот дел од младиот кромид сварете го неколку минутки. Изблендирајте го (ако треба додадете малку вода) додека смесата не се претвори во паста. Со таа паста намачкајте ги натечените нозе.

Затнат нос

Згмечете малку од зелениот дел на младиот кромид, и со сокот кој ќе го испушти натопете памуче. Памукот ставете го на нос во пределот на синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе го отзатне носот и дишните патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот