Еве за колку поевтинуваат цените во Грција!

фото: Pixabay.com

Во Грција денеска стапува во сила новиот Закон за намалување на ДДВ за низа производи и угостителски услуги од 24 на 13 отсто, што носи и пониски цени.

Околу 5.000 прехранбени продукти во супермаркетите, како што се тестенини, шеќер, масло за домаќинство, какао, кафе, чај и сокови, од денеска се очекува да бидат со променети и пониски цени, а поевтини ќе бидат и угостителските услуги односно, цените во таверните, рестораните и пицериите, но и природниот гас и струјата кои наместо 13 сега се со ДДВ од 6 отсто.

Ова практично значи дека цените на производите ќе се намалат од неколку центи, па до неколку евра, во зависност од вредноста.

Во рестораните и таверните, проценките се дека една просечна сметка од околу 50 евра за четиричлено семејство ќе се намали на 46,5 евра. Во однос на струјата и природниот гас, каде што ДДВ од 13 се намалува на 6 отсто, во пракса ќе значи дека сметка за струја што до сега изнесувала 100 евра, следниот месец ќе биде намалена за 6,20 евра, односно ќе изнесува 93,80 евра.

Данокот на додадена вредност за конкретните прехранбени производи и услуги беше 13 отсто до 20 јули 2015, кога како дел од пакетот антикризни мерки беше зголемен на 23 проценти, а една година подоцна, од јуни 2016, се искачи за уште еден процентен поен на 24 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот