Еве што пееле „Битлси“ на еден концерт додека не се слушало ништо од врескањето на публиката!

Profimedia

Одамна е познато дека култните „Битлси“ за време на своите концерти знаеле да отстапат од оригиналните текстови и да запеат сосема поинаку, додека обожавателите врескале толку силно, што зборовите од песните дури и не допирале до нив.

Но, според книга направена од белешките кои ги остави покојниот басист на групата „Who“, Џон Антвисл, се чини дека тие секогаш не биле пристојни.

Книгата „The Ox: The last of the great rock stars“ ја напиша Пол Рис со полна поддршка на семејството на покојниот музичар, кое му достави кутија забелешки и мемоари кои Џон ги напиша пред смртта во 2002 година.

Во еден дел, Џон раскажува за еден концерт во Блекпул, Англија во 1964 година, кога „Who“ свиреа како предгрупа на Битлси.

Додека публиката создавала огромна бучава, членовите на „Битлси“ сфатиле дека никој не ги слуша нивните зборови и дека можат малку да се забавуваат.

„Наскоро сите од бендот почнавме да плачеме од смеење поради зборовите кои ги пееја Џон, Пол и Џорџ, а кои само ние можевме да ги слушнеме бидејќи се наоѓавме на непосредна близина од нив“, стои во книгата на Џон, кој потоа кажува и што точно пееле тие.

„It’s been a hard day’s c-k…I wanna hold your c-t…“. Го завршија последниот акорд и се симнаа од бината, а ние продолживме да се пакуваме смеејќи се“, пишува во белешките на Џон, опишувајќи го овој несекојдневен настап на легендарната четворка од Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот