Еве што никако не треба да правите после јадење

pixabay

Ви носиме некои едноставни, но важни совети кои сите треба да ги знаеме и да ги практикуваме во секојдневниот живот. 

Сите ние правиме некои грешки кои можат, и тоа како, да бидат штетни за нашето здравје и кои на долги патеки можат да предизвикаат штета на нашето тело. Едноставно, некои работи ги правиме иако знаеме дека се погрешни.

Но дали знаевте дека после оброк не треба да ги правите следниве работи? Според новите истражувања ова НЕ ТРЕБА да го правите после јадење:

Не палете веднаш цигара. Докажано е дека една цигара после јадење влијае на организмот како да сте испушиле десет цигари.

Не јадете веднаш овошје. Во спротивно, стомакот ќе ви се наполни со воздух. Експертите препорачуваат конзумирање на овошје еден час пред или после оброкот.

Не попуштајте го ременот на панталоните. Бидејќи на тој начин може да дојде до блокирање на цревата во текот на варењето.

Не се туширајте. Зашто со туширањето ќе го зголемите крвниот притисок во рацете и нозете, а истовремено ќе го ослабнете притисокот во стомакот, што ќе го забави процесот на варење.

Немојте да пиете чај. Зошто? Листовите на чајот содржат голема количина киселина која ќе ја затврдне храната богата со протеини кои сте ги изеле и така ќе предизвика пречки во варењето.

Не одете веднаш на прошетка. Иако долго време се зборуваше дека после јадење треба да се направат сто чекори за подолг живот, во поново време е докажано дека прошетката веднаш после оброк може да предизвика телото да не ги апсорбира нутритивните состојки од конзумираната храна.

Не одете веднаш на спиење. Поради хоризонталната положба на телото, изедената храна не се вари на добар начин, а тоа може да предизвика пречки во цревата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот