Еве што може да се случи ако користите заштитен фактор со поминат рок

сончање
Фото: Pexels

Општо е познато дека заштитата од сонце е неопходна, особено во топлите летни денови. Дури и облачното време не значи дека нема опасност од ултравиолетовото зрачење, па затоа е важно да се „вооружите“ со заштитен фактор, да се оладите и да внимавате на хидратацијата.

Експерти за „Ромпер“ објаснија како може да знаете дали на кремот за сончање му поминал рокот и што може да се случи ако користите крем со поминат рок.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) смета дека кремот за сончање е лек што не се издава на рецепт, но тоа не значи дека не треба да се внимава на датумот на истекување. За разлика од шминката или некои производи за нега на кожа каде што рокот на употреба може да изгледа повеќе како упатство, со кремот за сончање треба да се однесувате повеќе како млеко бидејќи датумот на истекување е навистина важен.

„Не се препорачува употреба на крем за сончање со поминат рок“, изјави д-р Мариса Гаршик, овластен дерматолог. „Важно е да запомните дека ако навистина користите доволно крем за сончање и го нанесувате поред советите, веројатно нема да ви остане значително количество крем за сончање на крајот на летото“, додала таа.

За жал, ако користите крем за сончање со поминат рок на траење, можеби тоа ќе го откриете на потешкиот начин – полесно ќе изгорите бидејќи активните состојки за заштита од сонцето се распаѓаат со текот на времето.

„Изгорениците од сонце потоа доведуваат до оштетување на кожата и го зголемуваат ризикот од развој на рак“, вели д-р Енџи Селал.

сончање
Фото: Pixabay

Д-р Гаршик вели дека кремот за сончање со поминат рок на траење веројатно нема да обезбеди иста количина заштита како што е наведено на етикетата и можеби повеќе нема да биде ефективен, што може да ја зголеми шансата за развој на изгореници или оштетување од сонце.

Покрај тоа, таа додава дека активните состојки може да се разградат и имаат поголема веројатност да придонесат за иритација или чувствителност на кожата. Така може да добиете изгореници од сонце и други видови иритации на кожата поради самите состојки со поминат рок.

ФДА тврди дека кремите за сончање остануваат ефективни во полна сила три години, а тоа важи и за хемиските и за минералните варијанти.

„За да го одржите оптималниот рок на траење на кремот за сончање, чувајте го на собна температура и подалеку од сонце“, советува д-р Гаршик.

Знаците дека кремот за сончање е расипан, вклучуваат промена на бојата, конзистентноста или мирисот. Но, дури и во отсуство на некакви видливи знаци, ако не сте сигурни, сепак најдобро е да го фрлите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот