Еве што да правите со отпадот ако сте во карантин или самоизолација

Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба, вреќите наполнети најмногу до две третини од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството, додека другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин, препорачаа од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Препораките, МЖСПП ги објави препораките за управување со отпад за лицата кои се во карантин или самоизолација со сомнителен случај во домот.

Од Министерството укажаа дека потребно е носење на заштитна опрема на комуналните работиници, односно сите собирачи на отпад, и применување на претходно изнесената процедура за отстранување на заштитната опрема од страна на сите лица кои ја користат во рамки на своето работење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот