Еве на која плажа се крие Талат Џафери (ФОТО)

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери не сакаше да каже каде ќе оди на одмор, сепак како што јавува „Независен весник“ откриено е дека тој оваа година реши летниот одмор да го помине во Улцињ, Црна Гора.

– Има протокол, на плажата треба да има обезбедување, нема потреба да се открива од безбедносни причини – рече тогаш Џафери.

Весникот пишува дека на улцињската плажа Лиман, каде што е сместен претседателот на Собранието, нема обезбедување. Џафери престојува во хотелот „Медитеранео“ кој се наоѓа на самата плажа.

фото: Независен.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот