Еве кој ќе оди на лидерска кај Пендаровски
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во недела за во 17.00 часот ја закажа лидерската средба во неговиот Кабинет на „Вила Водно“. На средбата ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии од власта и опозицијата.
– На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на Движење Беса, Билал Касами – соопштија од Кабинетот на Пендаровски.
Шефот на државата порача дека е време за единство, по најновите информации околу одлуката во Брисел да не се започнат преговори со Македонија.