Еве кој е прв фаворит на „Австралија опен“ доколку Ѓоковиќ не биде вакциниран

Новак Ѓоковиќ само вакциниран може да ја брани титулата во Мелбурн/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Отвореното првенство во Мелбурн ќе се игра на почетокот од следната година, а условите под кои на тенисерите ќе им овозможено да настапат на првиот грен слем турнир се и натаму скоро непознати.

Сега се поставува ново прашање дали на овој турнир ќе може да настапат невакцинираните играчи кои би морале да бидат во карантин доколку тоа е можно. Доколку играат само вакцинираните, тоа значи дека нема да видиме никој од ТОП 5 на АТП листата во Мелбурн.

Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александар Зверев сè уште се невакцинирани, а не е познато дали Рафаел Надал ќе настапи во Австралија, ниту дали воопшто бил вакциниран.

Во тој случај, прв фаворит би бил рускиот тенисер Александар Рубљов, моментно шести на АТП листата.

– Играчите кои не се вакцинирани треба да бидат во карантин во Мелбурн 14 дена. Доколку не сакаат изолација, нека се вакцинираат – беше јасен Рубљов во својот предлог.

Ѓоковиќ: Нема да откријам дали се вакцинирав или не

Видео на денот