Еве кои се најдобрите стратегии за продуктивност

unsplash

Да бидете полни со енергија кога почнувате нова работа или проект не е вообичаено! Без разлика дали ќе биде тоа производ на возбудата кога почнувате нова работа или еуфоријата на новата мотивација кога ќе се зачлените во теретана, полесно е да ја завршите работата.

Но, успехот во животот и работата не е во тоа како ќе почнеш, туку во тоа како ќе ја одржуваш силата со тек на време. Тренерот за управување со време, Елизабет Грејс Саундерс посочува четири стратегии како да култивирате енергија што ќе ви трае!

Поставете повисоки и пониски граници

Сите можат да постават цел, но нема сите да седнат и да ги напишат сите чекори потребни да биде постигната таа цел, а пак уште помалку луѓе ќе ги напишат границите до кои можат да одат при постигнување на целта.

Што се високи и ниски граници? Овие граници дефинираат колку количество на волја имаш да дејствуваш во еден ден или недела за да ги постигнеш целите што си ги поставил. На пример, ако сакаш да напишеш книга, тогаш можеш да си кажеш дека ниската граница ти е да пишуваш минимум 30 минути дневно, ама нема да пишуваш повеќе од три саати (што ќе биде висока граница) за да не предизвикаш премор.

Profimedia
Profimedia

Ваквата стратегија може да се примени во секој проект што сакате да го постигнете. На пример, ако сакате да почнете да вежбате, почнете три пати неделно, а високата граница нека ви биде пет пати неделно. Има простор за флексибилност откако ќе си ги поставите границите, во случај да имате други приоритети, но мора да останете блиску до поставените граници за да немате чувство дека сте „престанале“ и треба да вложите екстра труд да почнете одново.

Разберете си ги тенденциите

За да ја одржувате енергијата на високо ниво, важно е да разберете како личните нивоа на енергија ви се менуваат во секојдневието.

Можеби имате навика да се вложите целосно во нешто и да функционирате со максимум енергија додека не „прегорите“. Во овој случај, мора да се потсетите дека не сте машина. Дозволете си  одмор и да се осигурате дека не си ја преминувате  високата граница.

Постои можност да сте човек со помала волја кој ги одложува работите до последен момент и е приморан да прави сè во последна минута. Луѓето што се идентификуваат со ова, треба да бидете построги со себе и да се осигурате дека барем ја погодувате ниската граница пред да се одмарате.

unsplash

Закажете одмор и закрепнување

Луѓето еволуирале во тоа најдобро да функционираат со циклусите на активност и одмор. Затоа добро да се наспиете и да се одмарате за време на викенди е клучно за да го максимизирате вложениот труд. Ако сте човек со силна волја, тогаш ќе мора да направиме дел во распоредот што ќе ви дозволува одмор. Ова може да значи да спиете повеќе или да се дружите со пријателите без временска рамка на ум.

Ако сте човек со слаба волја осигурајте се да не се наградувате себеси со одмор и закрепнување кои не се заслужени. Имајте на ум секогаш да ја почитувате ниската граница во најмала рака за да го одржувате постигнатиот напредок.

Дајте си оддишка

Работата со одржливо темпо ќе ви помогне да комплетирате проекти долгорочно и ќе ви дозволи да имате подобар баланс во приватниот живот. Да се натерате себе да си ги наполните складиштата на енергија со помош на ограничување на времето кое го користите за работа ќе ви помогне да се фокусирате на други обврски без да чувствувате вина затоа што ќе разберете дека одморот и помага на продуктивноста, пренесува „The Optimist Daily“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот