Еве кои алкохолни пијалаци го поткреваат расположението, а од кои ќе направите „џумбус“

profimedia

Ако сте со чаша вино додека го читате ова истражување, супер сте, не минувајте на „жестоки“ мисли.

Чаша црвено вино на ден за многумина е рутина, а прославите се повод да се испие и некоја чаша повеќе, „за расположение“-многумина би рекле. Но, кои алкохолни пијалаци го подигнуваат расположението, а кои поттикнуваат агресивно однесување, утврдија научниците и истражувачи од Англија.

Истражувањето покажало дека пијалоците кои содржат поголем процент на алкохол често поттикнуваат агресивност. Од друга страна, лицата кои пијат црно или бело вино често се со подобро расположение и со позитивни емоции, се наведува во истражувањето.

Околу 50 отсто од испитаниците се изјасниле дека слично чувствуваат и кога пијат пиво, додека жестоките пијалоци поттикнуваат чувство на осаменост.

„Со години пијалоците како рум, вотка, виски и останатите жестоки пијалаци се поврзувале со агресивност, па дури и со насилство“, изјавил еден од авторите на истражувањето при Универзитетот Бангор.

Во истражувањето учествувале 30.000 испитаници на возраст од 18 до 31 година од 21 земји низ светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот