Еве како се „тркнува“ до трафика: Ким Кардашијан во глам фустан по свадбата на Парис Хилтон

ким кардашијан
Фото: Принтскрин / Instagram

Гламурозна венчавка, уште погламурозни фустани, но сепак, најгламурозно појавување за овој викенд ќе биде посетата на Ким Кардашијан на продавницата на бензиската пумпа доцна во вечерните часови по заминувањето од свадбената прослава на Парис Хилтон.

Ги знаевме како најдобри и неразделни пријателки на почетокот на новиот милениум, но беше тоа пример за токсично пријателство кое доживеа поприлично контроверзен епилог. Па кога славната диџејка, милјардерка и „парти“ девојка ја објави својата веридба, со право започнаа шпекулациите дали името на нејзината поранешна најблиска, а сега веќе и подеднакво славна, пријателка ќе се појави на листата на гости.

И додека сите велат дека Ким Кардашијан навистина се потруди нејзиното појавување на венчавката да остане забележано, но и да ја засени невестата, несомнено е дека таа изгледаше одлично во избраниот црн Рик Овенс корсет вечерен фустан со широко здолниште, кој е совршена доза на гламур, секси и елеганција.

Но, забавата заврши, а вие сè уште не сакате да го соблечете убавиот фустан и упорно сакате да покажете дека ви е совршено удобно во него и високите Баленсијага чизми… Така и Ким, која по напуштањето на свадбената забава реши директно да се упати во продавницата на бензинската пумпа, без да се пресоблече во нешто што за „обичните смртници“ би важело за поудобно.

ким кардашијан бензинска
Фото: Profimedia
ким кардашијан бензинска
Фото: Profimedia

Го забележавме тој феноменален фустан со специфично дозирано деколте на објавата на инстаграм-профилот на Ким, која сподели фотографии од нејзиното појаување и пријатниот разговор со Парис додека суптилно и помага со нејзиниот вел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by StarzMedia (@starzmediame)

„Зачин за тиква и сè убаво за венчавката на Парис“, ја наслови Ким фотографијата на која таа е наслонета врз брдо тикви облечена во Рик Овенс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

И додека русокосата калифорниска „Барби“ е пресреќна што конечно го изговори своето „да“, црнокосата девојка која порано беше нејзин организатор на гардероберот, иако сега можеби може да ѝ парира со богатство, сепак не знае каков брачен совет да ѝ сподели.

„Бев малку збунета бидејќи и самата немам сфатено што навистина значи бракот“, изјави Кардашијан на забава пред свадбата.

Видео на денот