Еве како се движат цените на популарните летни дестинации: Албанија, Грција и Црна Гора

грција халкидики будва црна гора саранда албанија одмор цени
ФОТО: Unsplash

Сезоната на одмори во голема мерка започна, а луѓето со нетрпение чекаа да отидат на море. Меѓу најпопуларните дестинации за нашите граѓани се Албанија, Грција и Црна Гора. Во претходните години започна инвазијата на нашите туристи во Албанија, а Саранда е една од најатрактивните дестинации. А, Халкидики и Будва се секогаш евергрин избор.

Затоа, многумина дискутираат каде морето е навистина подобро, поубаво и што е најважно, колку треба да одвојат за летни одмори ако одат со своето семејство.

Цени за сместување

Ако сепак се одлучите за црногорското приморје, за 10 дена во ексклузивен хотел со пет ѕвездички за 2 лица во просек ќе треба да платите до 3 000 до 6 000 евра, додека сместување на југот на албанскиот брег во хотели со истиот број на sвезди кои имаат базени, бањи, турска бања чини околу 2 000 евра. На грчкиот полуостров, сместувањето во луксузен хотел со истиот вид на придобивки ќе ве кошта од 3 500 до 5000 евра.

грција халкидики будва црна гора саранда албанија одмор цени

Кога станува збор за приватно сместување со помал број sвезди, во Албанија повторно е поевтино. Така, хотел со четири везди за десет дена со појадок за две лица во Саранда чини во просек од 500 до 1 000 евра, а во Будва од 1 500 до 2 000 евра, во Грција пак од 700 до 1500.

Ако сепак сакате приватно сместување, тоа во Будва чини околу 12 до 20 евра во просек, а цената варира во зависност од условите во станот и близината на плажата. Скоро нема класично приватно сместување во Сарадна, станува збор претежно за реновирани куќи и вили, а цената по лице е во просек од 30 до 40 евра. Повеќето од овие сместувачки соби вклучуваат појадок и вечера. Во Грција претежно, сместувањето e исто така организирано со појадок и вечера и се движи во просек од 50 до 200 евра, во зависност од состојбата и условите што ги нуди.

Цени во угостителски објекти

Едно капучино во Будва чини околу 1,5 евра, додека во Саранда е 1 евро, a на Халкидики 2 или 3 евра. За ручек во ресторан во Будва, треба да платите 5 евра, за пиво околу 2,5 евра, а во Саранда ручекот чини 3,5 евра, додека пивото е околу 2 евра, а на Халкидики ручекот чини од 10 до 12 евра, а пивото се движи околу 5 евра.

грција халкидики будва црна гора саранда албанија одмор цени

Пазарни цени

Сепак, споредбата на другите цени покажува дека стартната цена на такси е поскапа во Саранда и изнесува околу 2,5 евра, додека во Црна Гора е значително поевтина и чини околу 50 центи, а пак во Грција е најскапа со почетна цена од 3,5 евра. Цените на пилешкото месо и јајцата во продавниците се слични во Саранда и Црна Гора. Килограм пилешко во просек чини околу 4,5 евра, а пакувањето од 12 јајца чини помалку од 2 евра, во Грција пилешкото чини 7 евра, а јајцата околу 3 евра.

Ако одлучите да патувате со автобус до Црна Гора, повратен билет за Будва ќе ве чини околу 30 евра, додека повратниот билет за Саранда е околу 50 евра, пак за Грција околу 40 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот