Еве како партиите на Косово привлекуваат гласови – актери, пејачи, шминкери станаа политичари (ФОТО)

Телеграфи

Косовските политички партии продолжуваат да ги зајакнуваат своите редови со нови фигури во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 6 октомври. Се чини дека новиот тренд оваа година е придружување на актери, пејачи и шминкери кон редовите на косовските политички партии.

Една од личностите која неодамна и се приклучи на косовската политичка сцена е Арта Нитај, косовски модел и актерка. Таа информираше дека станала член на Демократската партија на Косово.

„Од денеска го започнав моето ново патување во областа на политиката. Во новата декада на Демократската партија на Косово, каде инспирација за мене беше Ариана Муслиу Шоши, членка со највисоките човечки и интелектуални вредности “, напиша таа меѓу другото на својот личен профил на Инстаграм, пренесува Телеграфи. Во оваа политичка партија претходно се приклучија и други актери како Фисник Адеми и режисерот Ард Ислами.

Од друга страна неодамна и кон партијата на Рамуш Харадинај, Алијансата за иднина на Косово се приклучи познат пејат од косовската и воопшто албанската сцена, Лабинот Тахири кој веќе неколку години беше пратеник од редовите на партијата на Беџет Пацоли.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот