Еве како мирисаат среќните луѓе: Поради ова сите сакаат да бидат близу нив!

Некои луѓе имаат способност да го подигнат расположението на другите, делејќи ја својата хармонија, надеж и позитивност. Ни покажуваат дека можеме апсолутно се, а за тоа е доволно само да се насмееме и да му намигнеме на својот живот.

Добрите луѓе мирисаат на интима, прегратки и љубов. Тие зрачат со топлина, со нив се трудиме да биде колку што можеме поотворени. Многу е удобно покрај нив, како да сме дома.

Тие секојдневно не мотивираат, не насочуваат на добро и имаат добри намери. Не е изненадување што сите сакаат токму тие да им бидат пријатели. Непрекинато наоѓаме изговор да ги гушкаме, да ја видиме нивната насмевка…

Некои луѓе можат да влијаат на нашето расположение само со едно весело „Добро утро“, пропратено со насмевка. Научно е докажано дека кога искрено комуницираме со некоја личност, стануваме толку подложни на нивната емотивна состојба така што дури и нашите движења неприметно ги повторуваат движењата на соговорниците.

На пример, доколку лицето се насмее, ние автоматски го правиме истото. И тоа не е работа на имитација, само ние „го подржуваме“ расположението на оваа личност и неговите емоции.

Психолозите сметаат дека во нас потсвесно се будат емоциите, што доведува до таканаречена емоционална синхронизација.

Што значи дека ние ги симпатизираме луѓето со висок степен на емоционална издржливост и одлучност. Тие ја подобруваат нашата благосостојба и позитивно влијаат на нашето расположение.

Сакаме среќни луѓе со добри намери, бидејќи не напојуваат со добро расположение, не мотивираат, не прават среќни и ни пружаат чувство на самоувереност дека можеме да го промениме светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот