Еве како Ѓоковиќ може да остане прв на АТП листата до крајот на сезоната

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/BRIAN HIRSCHFELD

По освојувањето на „УС Опен“, Новак Ѓоковиќ повторно е прв на АТП листата со 3,260 бодови повеќе од второпласираниот Карлос Алкараз. Српскиот тенисер би можел да ја заврши годината на тронот, иако тоа не му е приоритет, како што изјави по Њујорк.

Ѓоковиќ во понеделник ќе ја започне 392 недела на првата позиција, а до крајот на годината во исто време ќе брани 2,850 бодови што ги освои лани. Тој го освои турнирот од серијата 250 во Тел Авив, потоа 500-те во Астана, а потоа го играше финалето на Мастерсот во Париз и освои 600 поени, а на завршниот Мастерс во Торино, 1500.

Ѓоковиќ не е заинтересиран да остане на првата позиција, поважни му се Грен слем титулите, има 24, а веќе на омилениот слем „Австралија опен“ може да го подобри својот учинок. Исто така, тој сака нов трофеј во Дејвис купот со Србија. Тој заедно со соиграчите стигна до четврт-финалето во Валенсија, кое во ноември ќе се игра во Малага.

Според најавите тешко дека ќе игра во Астана, а најверојатно нема да оди ниту во Кина, како што истакна тренерот Горан Иванишевиќ. А се очекува да настапи на мастерсите во Париз и Торино.

Од друга страна, Шпанецот Алкараз брани мал број бодови до крајот на годината, па можно е до крајот на сезоната да видиме промена на првото место. Минатата сезона, по „УС Опен“, Шпанецот играше само во Астана, Базел и Париз. Во Астана беше елиминиран веднаш по првиот меч, во Базел стигна до полуфиналето и освои 180 поени, додека во четврт-финалето во Париз загуби од Холгер Руне. За одбрана има само 360 бодови до крајот на годината, па во текот на наредните месеци би можел да се врати на врвот.

ФОТО | Американците измислуваат бројки за Ѓоковиќ да не биде на врвот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот