Еве како епископот го спореди Рамуш Харадинај со Исус Христос (ВИДЕО)

Kosovapress

Косовскиот епископ, монсињор Дод Ѓерѓи, при осветување на нова црква во Пеќ, Косово, направил споредба на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај со Исус Христос.

– Како правдата е неправедна, е докажано од страна на премиерот. Но, колку е правото подобро од правдата, докажа Христос – рече косовскиот епископ, Дод Ѓерѓи, јавува Косовапрес.

Епископот исто така изјавил дека албанскиот народ има да му даде многу на Господа, како што рекол 300 години заробеништво под Римската империја, 500 години заробеништво под Отоманската империја и 100 години под администрација на Југословенската круна.

Инаку, во видеото од говорот на епископот кое го објавува Косовапрес, се гледа дека присутен во црквата бил и Рамуш Хардинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот