Еве како децата ќе ве послушаат „од прва“

Совети кои ќе ви помогнат како детето да ве слушне веднаш откако првпат нешто ќе му кажете…

Телевизорот или своите пријатели ги слушаат без проблем, но кога вие нешто ќе им кажете како да зборувате на ѕид? Тоа се нарекува селективно слушање и за среќа, проблемот релативно едноставно може да се реши.

Психологот Мишел Борба нуди неколку совети кои ќе ви помогнат детето да ве слушне веднаш по првото кажување.

Пред се, мора да се погрижите на детето да му дадете добар пример што значи и самите да бидете добри слушатели и да реагирате кога детето нешто ќе ви зборува. Потоа, обратете му се на детето со почитување. Кога тоа ќе го усвоите, следува следниот модел:

Прво, на детето привлечете му го вниманието, а дури потоа зборувајте. На некои деца ќе им треба предупредување, особено на момченцата, кои потешко го насочуваат вниманието од својата игра кон вас.

– Уште еден многу практичен совет е да го намалите гласот, а не да го повишувате! Децата не се навикнати да зборувате смирено и нежно, па затоа веројатно дека попрво ќе реагираат, тврди Борба.

Штом го придобиете вниманието на детето, кажете му да ве гледа во очи. Вашите упатства треба да бидат јасни и кратки. Понекогаш е доволен само еден збор. Зборувајте помалку, а не повеќе, советува Борба.

Ка крај, замолете го детето да ви повтори што сте рекле, за да знаете дека сватило што барате од него.

Уште една важна работа – кога ќе го направи тоа што сте го барале, наградете го со прегратка или со зборови за охрабрување и пофалба, така на децата ќе им помогнете да станат среќни, здрави и одговорни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот