Еве каде одат нашите политичари на одмор, а колку трошат, би се зачудиле

Албанија и Грција се двете земји, каде најголемиот дел од политичарите од Македонија одат на одмор.

ТВ21 праша неколкумина од нив, во кое крајбрежје ќе одмараат и колку ќе трошат. Некои од нив се уште не одлучиле каде ќе одат, а кога зборуваат за трошоците, се изјаснуваат многу скромно. Велат дека за една недела просечно ќе потрошат 500 евра заедно со нивните семејства.

„Во зависност од деновите, во зависност од земјата, за оваа година не планирам повеќе од 5-6 дена да претстојувам на албанското крајбрежје, па и трошоците се надевам ќе се движат околу 400-500 евра”, рече пратеникот на движењето Беса, Фадил Зендели.

„Ќе одиме на одмор со семејството, приватно сместување, како и секоја година треба да биде околу 500-600 евра, бидејќи тоа е една недела, не многу, од целиот аранжман”, рече Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не знам, зависи, обично сопругата ги прави математиките, не знам можеби помеѓу 300 и 400 евра”, рече Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ. Минатата година бил во Египет и вели дека потрошил, според него, во рамките на нормалата, но Мухамед Зекири не откри колку пари троши на одмори.

„Не можам да одредам, но што е нормално за нашиот стандард. Значи за стандардот на еден пратеник за една недела. Не за стандардот на еден граѓанин “, истакнал пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Влатко Ѓорчев се уште не одлучил на која плажа ќе ужива во летото. А на прашањето колку троши, тој заминал, велејќи дека немал време.

„Се знае дека одморите се во кругот на семејството, со децата, се уште не сме седнале со сопругата да одлучиме и да разгледуваме колку дена имаме”, истакна Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Изгледа дека пратеникот Реџаил Исмаили најмногу троши на одмор, или можеби бил пореален во неговиот одговор.

„Како и вообичаено на албанското крајбрежје. За една недела со семејството. Можеби под 1000 евра “, рече пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили. И вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, рече дека планира да ги помине одморите во Албанија.

Извор: ТВ 21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот