Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

На изборите учествуваа седум кандидати, а гласаа над четири од вкупно 11 милиони жители на Бурунди.

Кандидатот на владејачката партија Национален совет за одбрана на демократијата во Бурунди, Еваристе Ндајишимије победи на претседателските избори, објави денеска Изборната комисија.

Ндајишимије освои 69 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 20 мај.

Ндајишимије (52) ќе стапи на должност во август, како наследник на сопартеиецот Пјер Нкурунзизе, кој е претседател од 2005 година.

На изборите учествуваа седум кандидати, а гласаа над четири од вкупно 11 милиони жители на Бурунди.

Лидерот на опоизициската партија Национални сили за ослободуцање Агатон Рваса доби 24 проценти од гласовите. Рваса тврди дека изборите се нерегуларни поради кражба на гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот