Евакуирано седиштето на „Амазон“ во Мадрид поради закана за бомба

Фото: Профимедиа

„Примивме повик и моментално испитуваме“, рече портпаролот на полицијата, а пренесува „Ројтерс“.

Седиштето на американската компанија „Амазон“ во Мадрид денес е евакуирано поради закана за бомба, соопшти шпанската полиција.

– Примивме повик и моментално испитуваме – рече портпаролот на полицијата, а пренесува „Ројтерс“.

Полицијата повикот го примила во 11 часот по локално време, а според првите сознанија во зградата не пронашла ништо сомнително, пренесува шпанскиот портал „Окдиарио“.

Како што се наведува, канцеларијата на компанијата „Амазон“ се наоѓа во зградата на комплексот „Прадо бизнис парк“, во близина на некогашното седиште на „Алкател“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот