Евакуирани посетителите во скопската зоолошка, слон удри во струен столб!

Во зоолошката градина денеска се случил инцидент откако еден од слоновите удрил во струен  столб, при што веднаш реагирало обезбедувањето и посетителите биле безбедно евакуирани.

Посетата во Зоолошката градина продолжува, а прекинот траел само 15 минути.

– Слоницата Даела е во ПМС и малку е поенергична во овој период, таа ја турнала својата другарка која го бутнала столпчето. Немаше прекин на електрична енергија, а слоновите се здрави, живи и безбедни. Посетителите биле замолени да го напуштат реонот поради безбедносни протоколи. Столбот е веднаш саниран и нема никакви причини за загриженост, појануваат од Зоолошката градина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот