Евакуирани патници поради чад во авион во Валенсија

Фото: Профимедиа

Во шпанскиот град Валенсија бил евакуиран авион на британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“, поради чад кој се појавувил во авионот веднаш по полетувањето, пренесуваат шпанските медиуми.

Три лица кои се наголтале чад добиле лекарска помош, а уште десетина патници биле полесно повредени додека се евакуирале од авионот преку гумен тобоган, пренесе АП.

Британската компанија им се извини на патниците во авионот.

Во изјавата на „Бритиш ервејс“ се вели дека авионот имал технички проблеми при приближувањето кон аеродромот во Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот