Евакуирани патници од воз во Норвешка поради закана со бомба

Парче хартија кое содржело закана за подметната бомба е пронајдено во воз на околу 60 километри североисточно од Осло, објави денеска норвешката полиција.

Возот е запрен на станицата во Еидсвол и сите патници се евакуирани. По полицискиот претрес на возот утврдено е дека не е пронајден доказ за присутност на било каква опасност.

Слична закана се случи и ден претходно на лет на авион на Рајанер од Лондон кон норвешката престолнина.

Стравот го поттикна порака која посадата ја пронајде во текот на летот. Авионот слета безбедно, а уапсен е 51-годишен Британец за кого постоело сомнение дека стои зад заканата. Уапсениот подоцна е пуштен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот