Евакуиран голем камп на мигранти од подножјето на Стад де Франс

Во раните утрински часови, француските сили за одржување на редот започнаа со евакуацијата на огромниот див камп на мигранти лоциран под крстосницата на автопатот во подножјето на Стад де Франс во Сен Дени, каде живееја повеќе од 2000 лица од почетокот на август, јави дописникот на МИА.

Операцијата за евакуација и засолнување на бегалците и мигрантите во разни прифатни центри и гимназии во Ил-де-Франс започна околу 7 часот наутро, со присуство на бројни припадници на силите на редот. Мигрантите мирно се движеа кон автобусите, во заедничка операција на префектурите на Париз и на регионите Ил-де-Франс и Сена-Сен Дени.

Според податоците на здружението Франс Тер д’Азил, околу 2.400 лица вчера вечер биле во овој камп, кој постојано се зголемува од август оваа година.

-Овие кампови не се прифатливи, им изјави на новинарите префектот на париската полиција. Оваа операција се одвива за да се осигура дека луѓето во редовна ситуација (со документи за престој) се засолнети, а оние во нередовна ситуација нема да останат на територијата (на Франција), објасни префектот Дидие Лалеман.

Сите евакуираните мигранти ќе бидат тестирани за Ковид-19 пред да бидат однесени во центрите за сместување.

Овој див камп, каде беа поставени неколку стотици шатори, главно го сочинуваа мажи-самци, главно од Авганистан, но и од Судан, Етиопија и Сомалија. Многумина, главно баратели на азил, претходно поминаа низ други кампови во предградијата на Париз, сукцесивно демонтирани, но кои се пресоздадени малку подалеку, во северните предградија на француската престолнина.

Околу триесет здруженија и колективи (Цимад, Секурс католик, Солидарите Мигранти Вилсон и др.) Го осудуваат „бесконечниот и деструктивен циклус”.

-Од пред пет години се повторуваа евакуациите, и покрај дисфункциите на системот за сместување што ги придружува (…). Денес, властите продолжуваат да ги организираат овие операции, додека претходните 65 докажаа дека се неефикасни, и дека единствениот ефект беше да ги растераат луѓето “, напишаа здруженијата во заедничкото соопштение. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот