Евакуација во Кордоба: Аргентинската провинција е зафатена од пожари

Фото: Миа.мк

Во аргентинската провинција Кордоба беснеат пожари засилени од силен ветер и отсуството на врнежи, поради што надлежните издадоа наредба за евакуација на населението.

Во пожарите досега никој не е повреден, потврдија надлежните.

Пожарите досега изгореле најмалку 14.321 хектари земја, претежно на северот на покраината, јавуваат локалните медиуми. Регионалните и федералните власти испраќаат противпожарни хеликоптери за да помогнат во гаснењето на огнената стихија.

Властите во Кордоба предупредија за „екстремен” ризик од пожари низ покраината, поради суво и ветровито време и ги повикаа граѓаните да пријават нови пожари доколку се појават.

Во тек е истрага за причините за пожарите, а се сомнева дека тие биле подметнати од ранчери кои сакаат на тој начин да ги обноват пасиштата, што е вообичаена практика во Аргентина.

Пожарите веќе уништија далноводи во некои делови на Кордоба и се закануваат да го блокираат сообраќајот на поголемите автопатишта, изјавија официјалните лица, потврдувајќи дека населението во погодените области е евакуирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот