ЕВАКУАЦИЈА поради бура во Франција, илјадници семејства останаа без струја (ВИДЕО)

Најмалку 140.000 домаќинства останаа без електрична енергија денеска поради силно невреме што погоди делови од Франција. Блокирани се и патишта поради откорнати и паднати стебла од дрвја.

Бурата „Амелија“ донесе и големи поплави на југоисток во државата.

Од камп се евакуирани 47 лица. Во прекин е и железничкиот сообраќај на повеќе правци.

Брзината на ветрот достигнаа 160 километри на час. Бурата се движи кон копно и интензитетот слабее, соопшти националната метеоролошка служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот