ЕВАКУАЦИИ ВО ТУРИСТИЧКИТЕ ОБЛАСТИ: Неколку илјади туристи би можеле да бидат загрозени од пожарите во Австралија

Фото: Darren England/ EPA

Властите во државата Викторија вчера повикаа повеќе од 30.000 луѓе да се евакуираат од туристичка област во југоисточниот дел на земјата.

Неколку илјади туристи во југоисточна Австралија денеска би можеле да бидат загрозени, во однод на тоа што пожарникарите се подготвуваат за нов бран шумски пожари, како резултат на новиот топлотен бран во земјата.

Во Австралија моментално горат неколку стотици шумски пожари.

Властите во државата Викторија вчера повикаа повеќе од 30.000 луѓе да се евакуираат од туристичка област во југоисточниот дел на земјата.

Властите стравуваат од ширење на три пожари поради ветрот, што би можело да предизвика нарушувања во сообраќајот на магистралниот пат во областа.

Локалните власти соопштија дека сè уште има многу локални жители и туристи во околината и оти може да бидат загрозени.

Во тој дел на Австралија деновиве температурата беше повеќе од 40 Целзиусови степени, а имаше и грмотевици со силен ветар.

Противпожарната служба соопшти дека денеска може да биде „опасен ден”, поради молњи кои можат да предизвикаат пожар.

Најмалку десет лица загинаа од септември во пожарите кои досега уништија околу 1.000 домови и повеќе од три милиони хектари земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот