Еуростат: Земјата бележи раст на бројот на ноќевања во минатата година

Европската унија ги објави првите податоци за туризмот за 2019 година.

Бројот на ноќевањата за сместување во рамките на ЕУ достигна 3,2 милијарди во 2019 година, што претставува зголемување од 2,4% од 2018 година.

Според „Еуростат“, во нашата земја минатата година имало вкупно 2,2 милиони ноќевања од кои 1,5 од странски туристи, додека од домашните бројката изнесува 0.7 милиони. Овие бројки покажуваат пораст на ноќевањата од 3.5 проценти во споредба со 2018 година.

Од 2009 година, статистичките податоци покажуваат благ пораст на ноќевањата, што главно се должи на повеќето туристи кои ги посетуваат земјите од заедницата.

Шпанија го држи рекордот во ЕУ за 2019 година со 469 милиони ноќевања, што претставува раст од 0,5% од претходната година.

Франција и Германија учествуваат со 446 и 436 милиони ноќевања, што претставува зголемување од 0,8 и 4% соодветно од 2018 година.

Прочитајте и...  Полицијата пронајде марихуана кај четири лица

Туристите во Италија минале 433 милиони ноќевања, додека во Велика Британија има зголемување од 5,7% или 375 милиони ноќевања.

Официјалната статистика на Европскиот завод за статистика покажува најсилен раст во Словачка и Литванија, каде ноќевањата се зголемија за 12,6% и 10%, а потоа следи Холандија со 6,8%. Зголемувањето од 5,6 проценти е забележано и во Романија.

За споредба, намалување е забележано во Грција (-3%) и Малта (-2,7%).

Процентот на ноќевања од страна на локалните туристи е најголем во Романија (83%), додека во Малта и Кипар, странците учествуваат со 95% и 94% од сите ноќевања.

Најголем пораст на бројот на ноќевања од странски туристи е забележано во Обединетото Кралство (+ 19,2%), Холандија (+ 10,6%) и Литванија (+ 10%).

Прочитајте и...  Граѓански протест во Кочани против загадувањето на воздухот од фабриката за хартија

Прочитај повеќе

Пендаровски изрази сочувство до семејството чии деца загинаа во експлозијата во Романовце

Слободен печат

Филипче: Подготвени сме дури и во случај да се појави првиот заболен

Слободен печат

Жената и детето кои беа повредени по денешната експлозија во Романовце се во критична состојба

Слободен печат

Словенија апелира до граѓаните да бидат внимателни кога патуваат во Италија поради коронавирусот

Слободен печат

Заев изрази сочувство до семејството на загинатите деца во експлозијата во Романовце

Слободен печат

Најниска излезност на иранските избори во последните 40 години

Слободен печат

Остави Коментар

два × два =

Прочитај повеќе

Откажан карневалот во Венеција поради ширење на коронавирусот

Слободен печат

Трамп: Лично би го потпишал мировниот договор со талибанците

Слободен печат

Германски градови ги откажуваат карневалите поради невреме

Слободен печат

Албанија со зајакнати мерки по зголемениот број заразени од коронаврус во Италија

Слободен печат

Повик до верниците да го помогнат градењето на новиот конак во Лешочкиот манастир

Слободен печат

Турција ја затвори границата со Иран поради коронавирусот

Слободен печат