Еуроњуз: Нема сигурен лек за лекување на Ковид-19

Нема сигурен лек за лекување на заболените од Ковид-19, но научниците интензивно трагаат по соодветен третман, пренесува порталот Еуроњуз.

Докторот Дидие Раул од Универзитетскиот медицински институт во Марсеј смета дека евтиниот лек против маларија е ефикасен во лекувањето на Ковид-19. Своите тврдења ги темели на ветувачките резултати од неодамнешно истражување направено на мала група заболени, кои се третирани со хлорокин, лек против маларија.

Но, Мари-Пол Кини е една од многуте скептици во научната заедница и таа тврди дека засега нема црвсти докази дека хлорокинот (хидроксихлорокин) е ефикасен.

– Знам дека за тоа многу се зборуваше, и во Франција и на други места, за тврдењата на одредени истражувачи кои велат дека лекот функционира, дека овој лек ќе го спаси светот. Но, за жал, доказот дека хидроксихлорокин лекот е ефикасен е многу слаб, па дури и непостоечки, вели таа.

Она во што се согласуваат повеќемината, како што пренесува Еуроњуз, е дека не е направено доволно за да се спречи пандемијата на коронавирус по искуствата со епидемијата на САРС во 2003, а подоцна и МЕРС во 2012 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот