„Euromoney“: Андреас Трајхл е „Банкар на Годината“

Списанието „Euromoney“ го прогласи претседателот на Извршниот одбор на „Ерсте Груп“, Андреас Трајхл за „Банкар на годината“.

„Euromoney“ го одликува Андреас Трајхл за допринос во банкарскиот сектор во Централна и Источна Европа.

Членките на „Ерсте Груп“ во Австрија, Романија и Словачка се прогласени за „Најдобри банки“.

Андреас Трајхл, претседателот на Извршниот одбор на „Erste Group Bank AG“ (Eрсте Груп), прогласен е за „Банкар на годината“ за 2019. година во рамките на годинешните „Награди за извонредност“ на магазинот „Euromoney“, еден од водечките светски финансиски публикации во светот.

Жирито го признава допринесот на Андреас Трајхл во развојот на банкарскиот сектор во евроските земји во развој, зголемувањето на финансиската инклузија и долгорочното ориентирање кон дигиталната стратегија која „Ерсте Груп“ ја спроведува преку својата платформа „Џорџ“.

Во својата одлука, жирито на магазинот „Euromoney“ нагласува дека во текот на 22-те години со Андреас Трајхл на оваа функција, „Ерсте Груп“ прерасна од традиционална штедилница во Австрија во компанија која котира на берза со членки во седум земји од Централна и Источна Европа, со повеќе од 16 милиони клиенти и повеќе од 47.000 вработени.

Од самиот почеток, Андреас Трајхл активностите во „Ерсте“ ги фокусираше во нудење на банкарски услуги за средната класа во регионот, кој е во пораст. Подобреност на финансиската инклузија, заедно со амбициозната програма за социјално банкарство, понатамошно јакнење на стратешкиот фокус и се потпира на 200-годишните „корења“ на банката, како давател на финансиски услуги на луѓето кои се непокриени со банкарски услуги, со цел подобрување на просперитето.

Андреас Трајхл уште во 2012. година, како начин за зголемување на пристапот кон просперитетот, ги дефинираше плановите на „Ерсте“ да развие панрегионална банкарска платформа. Стартувана во 2015. година, дигиталната платформа „Џорџ“ во меѓувреме стана најголемата паневропска банкарска платформа и моментално опслужува поголем дел од пет милиони клиенти на четири пазари на „Ерсте Груп“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот