„Еуромакс“ поднесе тужба до Управниот суд за одбиената дозвола за рудникот Иловица

Фото: Принтскрин МИА

Фирмата „Еуромакс Ресоурцес“ денеска поднесе тужба до Управниот суд, против решението од второстепената државна комисија, со кое ја одби жалбата на „Еуромакс“, информираат од фирмата.

Од фирмата објаснуваат дека рудникот ќе отвори работни места за локалното население и ќе инвестиции. Негодуваат дека досега во истражувањето инвестирале повеќе од 50 милиони евра.

„Ние сме уверени во правната позиција на Еуромакс Ресоурцес и остануваме целосно посветени на развојот на Проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на Проектот Иловица-Штука ќе овозможи значајна корист за локалната заедница како и за економијата на целата државата. Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на Проектот, со што би и се овозможило на Компанијата да управува со безбеден рудник согласно најдобрите светски практики – рекол Варшан Гокул, претседател и извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“.

Владата во јули го одби барањето на „Еуромакс“ за издавање дозвола за рудникот, со образложение дека компанијата не ги исполнила законските услови за вршење на експлоатација.

Жителите на струмичко Босилово, не сакаа експлоатација на бакар и злато во Иловица и Штука и постојано протестираа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот