Еурофарм се засили со хрватски репрезентативец

Вториот македонски претставник во ракометната Лига на шампионите, Еурофарм Работник продолжува со засилувањето на тимот за наредната сезона. Последна аквизиција за тренерот Стефче Алушовски е хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ кој потпиша двегодишен договор.

Јотиќ доаѓа од редовите на хрватскиот шампион, ППД Загреб и може да игра и како лев и како среден бек.
Јотиќ е третото интернационално засилување на Еурофарм, кој претходно ги ангажира и Словенецот Ратајац, и репрезентативецот на БиХ, Марин Вегар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот