Еурофарм Работник со ужасен финиш, Татран ја освои Битола!

facebook.com/rkeurofarmrabotnik

Денеска во рамките од петтото коло во ракометната Лига на шампионите повторно во еден нов крајно драматичен натпревар во салата „Боро Чурлевски“ минимален пораз на Еурофарм Работник со резултат 23:24 (14:13) од Татран Прешов.

Константно водеа домаќините во текот на првото полувреме, иако позитивата не беше поголема од два голови разлика. Потоа, во вториот дел поточно во 46 минута после голот на пивотот Граџан Еурофарм Работник имаше и четири голови разлика (21:17), но тоа не беше доволно да се одведе мечот до сигурни бодови.

Во последните 14 минути нападот на нашиот претставник потфрли кога беше најпотребно, неискористени чисти позиции, а тоа го казнуваше противникот кој трпеливо ја топеше својата негатива и направи серија од 5:0 за целосен пресврт.

Во самиот финиш од средбата битолската екипа успеа двапати да израмни, а во последната минута и со шанса да се врати во водство, но не го искористи својот напад. Тоа го направија гостите преку Лапајне за на крајот голема радост кај играчите на Голужа.

Први стрелци кај битолчани беа Остроушко со осум голови и Граџан со пет, а на спротивната страна кај Словаците се истакна Рабек со седум погодоци. На останатите две средби од рундата финскиот Кокс дома славеше над Спортинг со 25:23, а Бидасоа Ирун убедливо со 39:23 го надигра Савехоф.

На табелата води Бидасоа Ирун со девет бодови, пред Савехоф (осум), пет има Спортинг, четири Кокс, по два Еурофарм Работник и Татран Прешов. Во наредното шесто коло играчите на тренерот Стевче Алушовски ќе го играат во Словачка на 2 ноември (18.00 часот) против Татран Прешов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот