Еурофарм Работник се залага за реализација на договорот со РК Пелистер

Општина Битола со политиките на градоначалничката Наташа Петровска се залага за транспарентност, што е потврдено и со прворангираното место по транспарентност на општината од страна на Центарот за граѓански комуникации.

Договорот е изработен после низа состаноци кои се одржуваа по донесените одлуки од Советот, кои дефинираа чекори од постапкаата. За да се реализира истиот, согласно договорот и член 4 од него, треба да биде извршено книговодствено усогласување. До овој момент градоначалникот на Општина Битола нема добиено уредна документација од РК „Пелистер“, со која се потврдува книговодственото усогласување. Повеќе прочитајте ТУКА

На крајот од минатата недела добиен е мејл од страна на „Еурофарм“ во кој што се бара книговодственото усогласување да се изврши, по што градоначалникот во втор наврат вчера испрати дополнителен допис до Управниот одбор на РК „Пелистер“. Завршницата на процесот зависи исклучително од спроведувањето на книговодственото усогласување.

rkeurofarmrabotnik.com

Завршницата на процесот зависи исклучително од спроведувањето на книговодственото усогласување.

Ракометниот клуб Еурофарм Работник по повод „Платформата на ракометна Битола“ пред јавноста го објави следното соопштение:

– Компанијата Еурофарм и РК Еурофарм Работник во изминатиов период сесрдно се залагаа за реализација на Договорот со Општина Битола за уредување на капиталната и управувачка структура со ракометниот клуб Пелистер.

Нашите залагања и желба за реализација на „Платформата за ракометна Битола“ беа основна цел со која влеговме во преговорите, а сето тоа да биде на задоволство на сите љубители на ракометот во Битола.

Нашиот град оваа ракометна сезона е на картата на ракометна Европа каде што нашите клубови заслужуваат свое место и резултати кои ќе се паметат.

Еурофарм и Еурофарм Работник остануваат истрајни во желбата за успешна реализација на овој договор и во очекување на разрешување на сите економски и правни прашања кои во моментов се наметнуваат – информираат од РК Еурофарм Работник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот