Еурофарм Работник на мегдан со Веспрем

sehaphoto

Двократниот освојувач на СЕХА лигата, унгарски Веспрем, ќе биде доволен предизвик за Еурофарм Работник, утре во салата „Боро Чурлевски” во Битола (17.15 часот) да даде сè од себе за да ја забележи третата победа во третиот меч во својата дебитатска сезона.

Во групата Б на чело е Веспрем со девет бода од три средби, а Еурофарм е веднаш зад него со шест бода од два меча. Тие се единствените два тима од оваа група без пораз. Победа би можела да ги однесе битолчани на чело на табелата.

Битолскиот клуб има одличен старт во својата прва сезона во СЕХА лигата. Во првите два меча Еурофарм Работник играше на свој терен како што ќе игра и вечерва. Битолчани запишаа две победи, против Спартак Москва (34-29) и против Металопластика (32-21).

Европскиот великан Веспрем досега имаше две гостувања, во првото го победи Мешков Брест (28-27), а во второто го совлада Спартак Москва (26-23).

Веспрем имаше и една победа на домашен терен, со Загреб (36-28). Утрешниот меч во Битола е од четвртото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот